Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од Сања Божиновска, започна со исплата на финансиската поддршка за добитниците од претходната програма. Исплатата опфати 311 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост и 94 згрижувачки семејства за месеците март, април, мај, јуни и јули. За првите четири месеци исплатата е извршена одеднаш, а доколку износот е поголем од сметката – остатокот се префрла како претплата за следниот месец.
Министерството информира дека во тек е аплицирањето за уште две програми за поддршка: месечна финансиска помош од 1.000 денари за домаќинства со лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо или потполно глуво лице, како и доделување бесплатни инвертер клима-уреди за намалување на сметките и подобра енергетска ефикасност.
Дополнителни информации и детали за аплицирање се достапни на официјалната страница на Министерството за енергетика тукa.