УТРО.мк

Вработените на Урологија се откажаа од субвенции за телефони за да купат клими и модернизираат болнички соби

Вработените на Урологија се откажаа од субвенции за телефони за да купат клими и модернизираат болнички соби
Vero

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше целосно реновираната болничка инфраструктура, како дел од инвестициски и реформски циклус вреден 300.000 евра. Просториите се трансформирани во современи болнички соби, опремени со нови кревети, ЛЦД телевизори, клима-уреди, бактериолошки прочистувачи на воздух и нови санитарии.

Особено внимание привлече хуманоста на вработените, кои се откажале од субвенциите за службени мобилни телефони во вредност од 500.000 денари, средства кои Клиниката ги искористила за купување на две машини за перење алишта и 18 клима-уреди за болничките соби.

„За нас, овој проект не е само реновирање на ѕидовите – ова е реновирање на системот, на вредностите, на односот кон пациентите и професионалноста во здравството. Благодарен сум на целиот тим што застанавме зад овие промени со заедничка посветеност“, изјави директорот д-р Башким Шабани, истакнувајќи дека Клиниката за урологија стана пример за современо и достојно лекување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран