УТРО.мк

Сè повеќе турски државјани аплицираат за македонско државјанство

Сè повеќе турски државјани аплицираат за македонско државјанство
Vero

Во последните четири години, околу 10.500 турски државјани поднеле барања за добивање македонско државјанство врз основа на македонско потекло, објави Радио Слободна Европа.

Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека станува збор за лица кои доставуваат документи дека потекнуваат од Македонија и припаѓаат на македонскиот етнички корпус. Според МВР, порастот на апликациите е резултат на измените во Законот за државјанство од 2021 година, со кои се поедностави постапката за иселениците, особено за оние во Турција.

Истовремено, расте и економската соработка меѓу двете земји. Податоците на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО) покажуваат дека во 2024 година биле регистрирани 4.132 компании со турски капитал. Комората наведува дека ова е резултат на долгорочните добри односи и тесната соработка меѓу Македонија и Турција.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран