УТРО.мк

Регистрирани 38 пожари на отворен простор низ земјата – седум сè уште активни

Регистрирани 38 пожари на отворен простор низ земјата – седум сè уште активни
Vero

Според податоците на Центарот за управување со кризи, заклучно со утрово, 11 јули 2025 година до 07:30 часот, низ територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, четири се ставени под контрола, а 27 се целосно изгаснати.

Активни пожари:

Општина Чучер Сандево: шумски пожар помеѓу селата Блаце и Горњани, во месноста Рамна шума.

Општина Прилеп: приземен пожар во мешана шума кај селото Бешиште, месност Бешишки Рид.

Општина Македонски Брод (два пожара): помеѓу селата Црешнево и Локвица во деградирана дабова шума и грмушки; и кај село Крапа, во нискостеблеста шума.

Општина Дојран: пожар во нискостеблеста шума кај селото Николич.

Општина Чашка: чад на карпест терен под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка.

Општина Тетово: пожар на нива во близина на бензинска пумпа „Окта Петрол“.

Пожари под контрола:

Македонски Брод (три пожари): кај селата Рамне, Ковче и Слатина, со ниска и мешана вегетација.

Општина Делчево: пожар на градската депонија Острец.

Изгаснати пожари:

Поголемиот дел од изгаснатите пожари се забележани во скопскиот, источниот и полошкиот регион, а се работи за запалена сува трева, ниска вегетација, шумски појаси и депонии. Изгаснати се пожари во општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода, Студеничани, Струмица, Василево, Велес, Кавадарци, Карбинци, Делчево, Кочани, Куманово, Крива Паланка, Желино, Тетово, Гостивар, Прилеп и Долнени.

Надлежните служби се на терен и продолжуваат со активности за целосно локализирање и гаснење на активните пожари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран