УТРО.мк

Пронајдени 10 мигранти, приведен криумчарот од Албанија, следува пријава

Пронајдени 10 мигранти, приведен криумчарот од Албанија, следува пријава
Vero

На 19.11.2025 во 23:35 часот на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода В.Ц.(24) од Република Албанија. При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко.

Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е задржано во полициска станица.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран