Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска не очекува сончево и исклучително топло време, со мала до умерена облачност.
Во попладневните и вечерните часови се предвидува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. На одредени места се можни и краткотрајни невремиња со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималните утрински температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 32 и 40°C.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со можност за појава на нестабилна облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат од утрински 20°C до максимални 40°C.
Многу топлото време ќе продолжи до вторник, кога на поедини места температурите може да го надминат и прагот од 40°C. Во понеделник и вторник се очекува локална нестабилност, а ќе дува и умерен, повремено засилен југозападен ветер.
Од среда се најавува промена на времето – ќе дува засилен северен ветер кој ќе донесе значително опаѓање на дневните температури. Во северните делови се очекуваат и локални врнежи од дожд.