УТРО.мк

Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили

Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили
Vero

На 58-годишна возраст почина Кирил Поп Христов – Кили, уметник кој остави значаен белег во македонската култура.

Веста за неговата смрт доаѓа од Еквадор, каде тој го продолжи својот живот во изминатата деценија. Христов се пресели таму во 2014 година и живееше далеку од домашната јавност, но спомените за неговите улоги и понатаму останаа силно присутни кај публиката.

Роден во Скопје на 30 јули 1967 година, Поп Христов уште од младите години го избра актерството како свој животен повик. Дипломираше на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1989 година, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Неколку години подоцна, во 1993 година, стана дел од ансамблот на Македонскиот народен театар.

Во текот на својата кариера, Кили изгради препознатлив актерски израз и остави впечатливи улоги на сцената и на екранот. Публиката особено го памети по неговите настапи во „Тетовирање“, „Македонска сага“, „Пикасо“ и „Трст виа Скопје“, проекти кои останаа дел од македонската културна меморија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран