УТРО.мк

Од Тетово до Рим: Интервју за 360 степени со гастроентерологот Иво Бошкоски

Од Тетово до Рим: Интервју за 360 степени со гастроентерологот Иво Бошкоски
Vero

Роден во Тетово во 1981 година, во семејство на инженер и економистка, Иво Бошкоски денес е еден од најистакнатите гастроентеролози со меѓународна кариера, кој работи во реномираната болница „Џемели“ во Рим.

По завршувањето на основното образование и гимназијата во родниот град, во 1999 година се запишува на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. Само неколку години подоцна, во 2002 година, по покана од Амбасадата на Италија, заминува во Перуџа, каде што се запишува на медицински студии и постигнува извонреден успех – четврто место меѓу 1.600 кандидати на приемниот испит.

Токму таму започнува неговиот подем во медицината и науката, кој го води до престижниот Католички универзитет и болницата „Џемели“ во Рим. Покрај клиничката работа, Бошкоски активно се занимава и со научноистражувачка дејност, како автор и коавтор на бројни иновативни методи во областа на гастроентерологијата.

Неговата најнова научна успешна приказна е поврзана со добивањето на значаен грант од Европскиот истражувачки центар, вреден 6 милиони и 450 илјади евра. Заедно со тим од физичари, работи на развој на револуционерна сонда со дебелина од само два милиметри, која истовремено ќе овозможи дијагностика и терапија.

Овој проект претставува значаен исчекор во модерната медицина и уште една потврда за врвниот придонес на Бошкоски во светската научна и медицинска заедница.

Интервјуто може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран