
На 23 април 2026 година, во периодот од 00:10 до 01:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во селото Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на Б.Б. (20) од село Добридол.
При контролата, поради злоупотреба на туристички престој, приведени се три женски лица: Е.С. (27) и М.П. (36) од Република Србија, како и Б.М. (20) од Република Албанија.
Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и против нив ќе биде преземена понатамошна законска постапка.























