УТРО.мк

Од денес нови правила за електричните тротинети

Од денес нови правила за електричните тротинети
Vero

Од денес стапуваат во сила новите, построги правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Целта на измените е да се зголеми безбедноста на возачите на лесни електрични возила, како и на сите други учесници во сообраќајот, велат надлежните. 

Според новите правила, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 km/h.

При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачите на електрични тротинети се должни да слезат и да го туркаат возилото.

Новина е и забраната за превезување друго лице на тротинет. Во случај на прекршок, ќе бидат санкционирани и возачот и лицето кое се превезува.

Заштитниот шлем станува задолжителен за сите возачи, а останува и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост и во текот на ноќта.

За дел од прекршоците, покрај паричните казни, предвидено е и привремено одземање на електричниот тротинет во траење од 30 дена. Кога прекршок ќе стори дете, одговорноста ја сносат неговите родители или старатели.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin