
Лишен од слобода малолетник кој украл пари и предмети од црква во Тетово, следува пријава
На 13.07.2026 во 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со малолетникот е извршен службен разговор. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

















