УТРО.мк

Ја намамиле 14-годишната да излезе од дома, ја претепале и снимале – кривични пријави за три девојки

Ја намамиле 14-годишната да излезе од дома, ја претепале и снимале – кривични пријави за три девојки
Vero

Три девојки, меѓу кои една 18-годишна и две малолетнички, се кривично пријавени поради напад врз 14-годишно девојче во Куманово, соопшти СВР Куманово.

Според полицијата, пријавените се П.А. (18) од селото Лојане, Општина Липково, како и две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 13 март годинава, кога осомничените ја повикале 14-годишната девојка да излезе од својот дом, по што ја одвеле во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово.

Според пријавата, таму најпрво ја навредувале, а потоа физички ја нападнале, додека целиот инцидент го снимале со мобилен телефон.

По нападот, девојчето било заплашувано да не го пријавува случајот и да не зборува за снимката, при што ѝ биле упатени закани дека ќе се соочи со уште посериозни последици доколку го открие настанот.

По спроведената истрага и преземените мерки, полицијата го расчистила случајот и поднела кривични пријави против трите осомничени. За случајот ќе постапуваат надлежните институции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin