УТРО.мк

Од броилото до телефонот: РКЕ го носи дигиталното следење на потрошувачката до граѓаните

Од броилото до телефонот: РКЕ го носи дигиталното следење на потрошувачката до граѓаните
Vero
struja
struja

Граѓаните наскоро ќе можат да ја следат потрошувачката на струја во реално време преку својот мобилен телефон. Апостолчо Рамов, раководител на секторот за информатичка технологија и статистика во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), најави дека следниот голем чекор во дигитализацијата на енергетскиот сектор е воведувањето на паметни броила (smart meters).

„Целта е секој потрошувач сам да може да ја види својата потрошувачка и да нема дилеми дали сметката е реална или паушална“, рече Рамов на 3. Конференција за дигитализација, организирана од Американската стопанска комора.

Рамов истакна дека до 2024 година, ниту една енергетска компанија во земјава не ги следела меѓународните стандарди за сајбер безбедност. Некои компании имаа воведено локални процедури и политики, но тоа не било доволно за комплексните потреби на дигиталната енергетика. Денес, две компании веќе го примениле меѓународниот ИСО стандард за управување со безбедноста на информациите, а три компании се на крајна фаза од имплементацијата. „Приватните компании напредуваат побрзо, бидејќи не се ограничени од тендерски процедури како јавните претпријатија“, додаде Рамов.

Со законските измени од 2023 година, РКЕ стана регионален пионер во воспоставување правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор. Како дел од новите мерки, клучните компании се обврзани на задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на меѓународни безбедносни стандарди, создавање одделен буџет за сајбер безбедност и назначување офицер за безбедност.

„Регулаторната дигитализација е процес кој продолжува. Воведувањето на паметни броила е следната голема фаза. Со ова, граѓаните ќе добијат доверба, а компаниите поголема заштита од сајбер напади“, нагласи Рамов.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран