УТРО.мк

Новогодишна радост за најмладите во Пустец благодарение на МАЕИ и „Ротари клуб“ Битола

Новогодишна радост за најмладите во Пустец благодарение на МАЕИ и „Ротари клуб“ Битола
Vero

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соработка со „Ротари клуб“ од Битола, и оваа година организираше новогодишна хуманитарна акција со која ги израдува децата од Општина Пустец.

Советникот во Советот на Општина Пустец од редовите на МАЕИ, Јордан Јанкула, денеска им додели новогодишни подароци на децата од градинките, како и на учениците од деветолетката „Отпорот на Горичените“ во селото Долна Горица. Ова училиште ги опфаќа учениците од селата Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец.

Јанкула истакна дека подароците се обезбедени како резултат на долгогодишната и успешна соработка меѓу МАЕИ и „Ротари клуб“ од Битола, чија заедничка цел е поддршка на децата и придонес кон нивен правилен развој и среќно детство.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран