
Вечерва е регистрирана вонредна состојба на граничниот премин Дојран, каде што е целосно блокиран излезот од Македонија кон Грција. Според информации од терен, во функција не е компјутерскиот систем на грчката гранична служба, што предизвика целосен застој во сообраќајот.
На приодите кон преминот се формираа километарски колони од возила, а патниците чекаат со часови за да ја преминат границата. Револтот кај граѓаните расте, особено поради недостатокот на информации за тоа кога ќе биде отстранет техничкиот проблем.
Од грчките надлежни служби засега нема официјално соопштение за дефектот, ниту за времето потребно за нормализирање на сообраќајот на овој граничен премин.



























