УТРО.мк

Нови 10 случаи на коронавирус во Македонија

Нови 10 случаи на коронавирус во Македонија
Vero

Во текот на месец јуни 2025 година, во Република Северна Македонија се пријавени вкупно 10 нови случаи на КОВИД-19, што претставува пораст во однос на мај, кога беа регистрирани 6 случаи, но значително помалку во споредба со истиот месец минатата година, кога беа пријавени 25 случаи.

Сите новозаразени се од Скопје. За среќа, во овој период не е евидентиран ниту еден смртен случај поврзан со вирусот.

Според возрасната распределба, три од заболените лица се деца на возраст од 0 до 9 години, две лица се на возраст од 30 до 39 години, уште две припаѓаат на возрасната група од 40 до 49 години, а три лица се постари од 70 години.

Во текот на јуни, во овластените лаборатории за молекуларно и антигенско тестирање на SARS-CoV-2 биле анализирани вкупно 530 примероци – што е намалување од 18,8% во однос на мај.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран