УТРО.мк

Невреме во Македонија: Се очекуваат поројни дождови, силен ветер и град

Невреме во Македонија: Се очекуваат поројни дождови, силен ветер и град
Vero

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса поврзана со студен фронт од север, Македонија денеска (недела, 17 август) и утре (понеделник, 18 август) ќе биде зафатена од нестабилни временски услови.

Во попладневните часови денес локално, а утре на повеќе места, ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе донесат поројни дождови, грмежи и засилен ветер. На поединечни локации се очекува и невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

И во делови од Скопскиот регион во наведениот период се прогнозира нестабилно време со услови за појава на невреме.

Температурите денес ќе се движат од 28 до 35 степени, додека утре ќе бидат нешто пониски – од 25 до 34 степени.

Метеоролозите апелираат граѓаните да бидат внимателни во случај на невреме, да избегнуваат престој на отворен простор и под осамени дрвја, како и да ги заштитат своите возила и да не ги паркираат во близина на стари и нестабилни дрвја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран