Синоптичарите за денес најавуваат променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Сепак, стабилната состојба нема да трае долго — кон вечерните часови и во текот на ноќта, особено во северните делови од земјава, се очекуваат локални врнежи од дожд. Ветерот ќе биде слаб и со променлив правец.
Утрово температурите се движеа од 4 до 9 степени, а дневниот максимум ќе достигне меѓу 11 и 17 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува слично време, со слаб северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 7 степени, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
Од вечерва, под влијание на серија влажни воздушни бранови, започнува неколкудневен период на нестабилно време кој ќе трае сè до понеделник. Ќе има чести локални врнежи од дожд, а на одделни места врнежите ќе бидат поројни и пообилни — со количина што може да надмине и 30 литри на квадратен метар во 24 часа.























