УТРО.мк

На територија на Република Македонија регистрирани 14 пожари на отворен простор, два се уште активни

На територија на Република Македонија регистрирани 14 пожари на отворен простор, два се уште активни
Vero

На територијата на Република Македонија, заклучно со утринските часови на 16 август 2025 година, регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, активни се два пожари – во Македонски Брод, во мешаната шума кај Јасен, и во Јегуновце, помеѓу селата Рогачево и Јажинце, на пасишта.

Останатите 12 пожари се изгаснати, меѓу кои во Куманово (село Пчиња), Радовиш (населба Раклиш), Долнени (помеѓу селата Лажани и Средорек), Велес (помеѓу Ногаевци и Убого), Неготино (село Корешница), Делчево (село Стамер), Босилово (село Радово), Валандово (село Пирава), Струга (село Долна Белица), Македонски Брод (помеѓу селата Девич и Грешница), Шуто Оризари (населба Визбегово) и Куманово (село Четрице).

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да пријавуваат секое ненадејно активирање на огнените линии.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран