УТРО.мк

На еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ му се слоши за време на судењето: Префрлен со брза помош

На еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ му се слоши за време на судењето: Префрлен со брза помош
Vero

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година и во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска продолжи со изведување на докази од страна на обвинителството.

Пред судот беа презентирани видео материјали и фотографии кои се однесуваат на работењето на клубот „Пулс“, како од критичната вечер, така и од претходни години додека објектот функционирал. Обвинителите нагласија дека дел од доказите укажуваат на околности поврзани со безбедносни аспекти и начинот на кој клубот, правно воден како кабаре, ја извршувал својата дејност.

За време на рочиштето дојде и до краток прекин, откако на еден од обвинетите му се слошило, поради што била повикана итна медицинска помош и беше дадена пауза во судењето.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран