УТРО.мк

Проданоски им оддаде признание на прилепските пожарникари

Проданоски им оддаде признание на прилепските пожарникари
Vero

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, кој им оддаде признание на пожарникарите за нивната посветеност и професионалност.

Во своето обраќање, Проданоски ја нагласи важноста на нивната улога во општеството.
„Професијата пожарникар претставува повик што бара огромна храброст, дисциплина, одговорност и човечност. Тоа се луѓе кои реагираат таму каде што другите се повлекуваат, луѓе кои во најтешките моменти остануваат смирени и секогаш подготвени да помогнат“, истакна тој.

Од Општина Прилеп посочуваат дека Територијалната противпожарна единица континуирано покажува високо ниво на подготвеност и организираност, што е резултат на долгогодишна работа, обука и искуство на терен.

Градоначалникот најави дека локалната самоуправа ќе продолжи со поддршка на пожарникарите преку вложувања во подобри услови за работа, современа опрема и зајакнување на капацитетите на службата, нагласувајќи дека безбедноста е приоритет за секоја заедница.

Во пресрет на летниот период, беше упатен и апел до граѓаните за одговорно однесување, со цел превенција од пожари и заштита на животната средина, имотот и човечките животи.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран