УТРО.мк

Запленети 500.000 евра на Табановце: Скриени во специјален бункер во минибус

Запленети 500.000 евра на Табановце: Скриени во специјален бункер во минибус
Vero

На граничниот премин Табановце е откриен и спречен обид за шверц на околу 500.000 евра во готовина, кои биле вешто сокриени во специјално изработен скриен дел во минибус што доаѓал од Албанија, информираат од Царинската управа.

Според изјавата на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, возилото било детално прегледано откако царинските службеници забележале сомнителни модификации на конструкцијата. Во акцијата биле вклучени мобилен тим, царинско куче и скенер-систем, кои заедно ги потврдиле сомнежите за криумчарење.

При подеталната контрола, во скриен бункер биле пронајдени 14 пластични ќеси со големи количини евра, внимателно спакувани и сокриени во возилото. Минибусот, кој е во сопственост на албанска туристичка агенција, превезувал и седум патници во моментот на контролата.

Како што посочи Николовски, возачот на минибусот, албански државјанин со иницијали Џ. Г., е приведен и против него е поведена постапка, по што веќе има и судска пресуда од Основниот суд во Куманово.

Запленетата сума, заедно со возилото, е трајно одземена, а парите се предадени на надлежните институции и депонирани во Народната банка, во согласност со законските процедури.

Од Царината велат дека во моментов се утврдува потеклото и сопственоста на парите, а крајната одлука за нивната судбина ќе ја донесат надлежните органи.

Директорот на Царинската управа истакна и дека службениците кои учествувале во акцијата ќе бидат парично наградени, оценувајќи ја интервенцијата како една од најзначајните досега на ова гранично преминување, со јасна порака дека секој обид за нелегален пренос на готовина ќе биде строго санкциониран.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран