
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска во Тиват остварил средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц во рамки на Самитот ЕУ – Западен Балкан.
Како што информираше Мицкоски, на средбата биле разменети мислења за европските перспективи на регионот, предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан, како и за важноста од продлабочување на соработката и процесот на европска интеграција.
„Разменивме мислења за европските перспективи на регионот, предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и важноста од продлабочување на соработката и европската интеграција“, напиша Мицкоски.
Тој оцени дека ваквите средби претставуваат значајна можност за градење нови партнерства и зајакнување на врските меѓу земјите од регионот и Европската Унија.
Средбата се одржа во рамки на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, каде лидерите разговараат за иднината на регионот, реформските процеси и европската перспектива на земјите кандидати.















