
Утре (6 јуни), во периодот од 17 до 18 часот, во делови од центарот на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на ревијална трка во организација на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.
Трасата на трката започнува од Порта Македонија и продолжува по улиците „Димитрие Чупоски“, „Васил Главинов“, булеварот „ВМРО“ и булеварот „Илинден“, до споменикот на Гоце Делчев во Градски парк.
За време на настанот, сообраќајот на дел од улиците ќе биде пренасочен по околните сообраќајници со цел безбедно одвивање на трката и непречено движење на возилата.
Од МВР апелираат до граѓаните и возачите да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници.















