УТРО.мк

Кривична пријава против професор од Кичево за насилство врз ученичка

Кривична пријава против професор од Кичево за насилство врз ученичка
Vero

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 68-годишниот З.С. од селото Другово, кичевско, поради сомнение дека сторил кривично дело „Насилство врз дете“. Случајот се случил деновиве, за време на изведување настава во средно училиште во Кичево, кога професорот во училница физички нападнал ученичка.

Од нападот, малолетничката се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кичево. Случајот е пријавен и се преземаат понатамошни мерки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран