УТРО.мк

Мицкоски најави големо намалување на цените на горивата

Мицкоски најави големо намалување на цените на горивата
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека од понеделник се очекува значително намалување на цените на горивата, по стабилизирањето на состојбите на глобалниот енергетски пазар.

Тој посочи дека очекува цените на бензините да се намалат за околу 4 денари, додека дизелот би поевтинел за приближно 7 денари, откако Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени.

„Мерките во принцип завршија, со оние најави на условно кажано постигнатиот договор кој начелно го имаат завојувани страни во заливот, во случајот САД и Иран, и денеска продолжуваат конечни преговори за финализација на тој договор, ценам дека на овој начин и пазарот ќе се стабилизира. Сакам да имаме предвид дека Ормутскиот теснец и денеска да се отвори, танкерите кои ќе тргнат треба еден месец да стигнат, така што и тоа е процес. Но имајќи ги предвид сите овие аспекти, и на мировна маса се и Израел и Хезболах, очекувам да се заокружи оваа криза и да влеземе во помирни води со цената на нафтата. Малку е зголемена и вредноста на доларот, но очекувам во понеделник цената на бензините да се намали околу 4 денари, а кај дизелот околу 7 денари“, изјави Мицкоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin