УТРО.мк

Мергим Дани со остар став: „Фатмир Дехари стана непријател на моето семејство“

Мергим Дани со остар став: „Фатмир Дехари стана непријател на моето семејство“
Vero

Фудбалерот Мергим Дани јавно реагираше по навредливите зборови на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, кои, според него, биле упатени кон неговата сестра во аудио-снимките што неодамна протекоа во јавноста. Во својата објава, Дани истакна дека неговата реакција не е политичка, туку семејна и морална борба.

„Иако на спортистите не им прилега да пишуваат за политика, ова е мојата прва објава. Но ова повеќе не е политичко прашање, туку семејно и морално. А кога се навредува семејството, секако дека нема да седиме со скрстени раце“, напиша Дани.

Фудбалерот потсети дека семејството Дани има долга традиција и значаен придонес во земјата, додавајќи дека не заслужува да биде навредувано или понижувано од никого.

„Семејството Дани е дел од историјата и придонесот во оваа земја и не може да биде понижувано со навредливи зборови од никого, а уште помалку од некој како тебе. Фатмир Дехари, со зборовите што ги употреби, од денес избра да станеш непријател на моето семејство“, порача тој.

Дани нагласи дека ова прашање не треба да се гледа низ политички призми, туку како прашање на достоинство и почит кон семејството.

Извор: Лидер

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран