УТРО.мк

Марк Руте во официјална посета на Македонија

Марк Руте во официјална посета на Македонија
Vero

Со свечен строј, интонирање на химната и највисоки воени почести, државниот врв утре ќе му посака добредојде на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој пристигнува во официјална посета на земјава. Домаќин на високата делегација ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со која Руте најнапред ќе одржи лична средба, а потоа и проширен состанок меѓу делегацијата на НАТО и македонската делегација.

Агендата на првиот човек на Алијансата е исполнета со средби на највисоко ниво. Планирани се разговори и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Посетата ќе кулминира со негово обраќање пред пратениците во законодавниот дом, од каде се очекуваат пораки за сојузништвото, безбедносните предизвици и улогата на земјата во рамки на Алијансата.

Воениот сегмент од програмата ќе се одвива во касарната Касарна „Илинден“, каде Руте одблиску ќе се запознае со капацитетите на Армијата. Предвидено е негово обраќање, по што ќе следува презентација на лесната пешадиска баталјонска група и разгледување на дел од современата опрема со која располага единицата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран