УТРО.мк

Македонците се враќаат од продолжен викенд: Колони со километри – се чека и до 5 часа на границата со Грција!

Македонците се враќаат од продолжен викенд: Колони со километри – се чека и до 5 часа на границата со Грција!
Vero

Продолжениот викенд завршува, а илјадници туристи кои престојуваа во Грција масовно се враќаат кон Македонија, предизвикувајќи сериозен метеж и долги колони на граничните премини.


Според сведоштва на патници објавени на социјалните мрежи, најкритична е состојбата на преминот Евзони/Богородица, каде чекањето достигнува и до три часа. Колоните возила се протегаат со километри, а сообраќајот се движи исклучително бавно.


Дополнителен фактор што го забавува протокот е примената на новиот европски систем за влез и излез (EES), кој вклучува биометриска регистрација и подетални проверки на патниците, што создава дополнителни задржувања.


Гужви се регистрирани и на граничниот премин Дојран, каде чекањето е околу еден час. Таму, покрај македонските туристи, во голем број се враќаат и српски патници кои традиционално ја користат оваа рута.
Метеж има и на граничниот премин Блаце, каде според патници се создаваат долги колони во двата правци, а времето на чекање е значително подолго од вообичаеното.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран