УТРО.мк

Македонската заедница во Австралија ја одбележа Света Петка – торжествена прослава во Сиднеј

Македонската заедница во Австралија ја одбележа Света Петка – торжествена прослава во Сиднеј
Vero

Македонската православна заедница во Австралија вчера торжествено ја одбележа храмовата слава на црквата „Света Петка“ во Рокдајл, Сиднеј, информира претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

На 8 август, кога Светата православна црква молитвено го одбележува споменот на Светата преподобномаченичка Параскева – Света Петка, голем број верници се собраа во истоимениот македонски православен храм за заеднички да го прослават патрониот празник.


По повод храмовата слава беше отслужена Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше отец Гаврил Галев, во сослужение на протојереј Александар Ивановски, протојереј Томе Младеновски и старешината на храмот, јереј Владо Недески.

Посебен момент за македонските верници во Сиднеј беше присуството на чудотворната Абалакска икона на Пресвета Богородица од Сибир. Иконата специјално за оваа свечена пригода ја донесе отец Борис од Задграничната Руска Православна Црква.


Како што се наведува во објавата, присуството на чудотворната икона токму на патрониот празник претставувало особена духовна радост и благослов за храмот и за присутните верници.

Македонските верници имале можност молитвено да ѝ пристапат и да се поклонат пред иконата, барајќи застапништво, помош и закрила од Пресвета Богородица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin