УТРО.мк

Престон Македонија го освои Dockerty Cup по 34 години, Тевере прогласен за најдобар играч

Престон Македонија го освои Dockerty Cup по 34 години, Тевере прогласен за најдобар играч
Vero

Фудбалскиот клуб Престон Македонија испиша нова страница во својата историја, откако по пауза од 34 години повторно го освои трофејот во Dockerty Cup.

Во големото финале, Престон Македонија славеше со 3:1 против Хајделберг Јунајтед, со што македонскиот клуб стигна до значаен трофеј и голема радост за своите навивачи.

За Престон Македонија погодија Чианчи, Зини и Лука Тевере, кој со својот настап во финалето остави особен впечаток.

Токму Тевере беше избран за најдобар играч на финалниот натпревар и го освои престижниот Jimmy Mackay Medal.

Триумфот во Dockerty Cup доаѓа по 34 години и претставува голем момент за Престон Македонија, клуб кој со оваа победа повторно се искачи на врвот.

Престон Македонија сега го слави големиот успех – трофејот повторно е во рацете на „Лавовите“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin