УТРО.мк

Голем пожар кај Сопиште: Три „ер трактори“ се вклучија во гаснењето, гори нискостеблеста шума

Голем пожар кај Сопиште: Три „ер трактори“ се вклучија во гаснењето, гори нискостеблеста шума
Vero

Попладнево избувна пожар на територијата на Општина Сопиште, во близина на селото Чифлик, кон селото Света Петка.

Пожарот зафатил нискостеблеста шума, а според информациите од терен, засега нема опасност за куќите и жителите на селото.

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, кој е на местото на пожарот, за „Курир“ информира дека се преземаат активности за спречување на ширењето на огнот.

„Гори нискостеблеста шума, нема опасност за селото. Направен е коридор за да се спаси шумата на Водно“, изјавил Мицевски.

Во гаснењето на пожарот се вклучени екипи од скопската Противпожарна бригада, предводени од командирот Ѕвонко Томевски, припадници на општинското доброволно противпожарно друштво, како и локални жители.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека во интервенцијата се вклучени и трите авиони „ер трактори“, кои се упатени кон местото на пожарот.

На терен се ангажирани и четири пинцгауери, а сите расположливи сили работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin