УТРО.мк

Тепачка пред угостителски објект во Тетово: Двајца 20-годишници избодени со нож, тројца приведени

Тепачка пред угостителски објект во Тетово: Двајца 20-годишници избодени со нож, тројца приведени
Vero

Во текот на ноќта во Тетово дошло до физичка пресметка меѓу две групи, при што бил употребен и нож. Во инцидентот, двајца млади мажи се здобиле со убодни рани.

Случајот бил пријавен во СВР Тетово на 7 август во 23:50 часот. Според полициските информации, пресметката се случила пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово.

Со убодни рани се здобиле Е.М. (20) и А.Р. (20), двајцата од село Камењане.

Полицијата презела мерки за расчистување на случајот, при што на 8 август во 01:25 часот, во Клиничката болница Тетово, од слобода бил лишен А.Р. (20).

Половина час подоцна, во 01:30 часот, во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш. (22) од село Ново Село и А.Б. (23) од село Горно Палчиште. И тие биле лишени од слобода и задржани во полициска станица.

Во тек е идентификување и на други лица кои учествувале во пресметката. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

По целосното расчистување на случајот, полицијата најавува соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin