
Седумдесет и едногодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 7 август во 13:10 часот. Патничко возило „Ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од 26-годишниот Д.И. од Косово, удрило во пешакот Д.М. (71) од тетовското село Раотинце.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово. Полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила сообраќајката.

















