
Двајца случајни минувачи денеска со брза и храбра реакција извлекле жена од реката Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје, спречувајќи можна трагедија.
Жената, на возраст од околу 50 години, била извадена од водите на Вардар и веднаш била згрижена од екипите на Итната медицинска помош. Таа потоа била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана соодветна лекарска помош.
На местото на настанот интервенирале две екипи на Интервентната полиција, како и медицинска екипа, кои помогнале во спасувачката акција.
Благодарение на навремената реакција на случајните минувачи, жената била извлечена од реката и спречен е можен трагичен исход.
Напомена: Фотографијата е генеритана од AI.

















