
35-годишен жител на Скопје пријавил дека бил ограбен од лице кое претходно го замолил да му помогне да подигне пари од банкомат.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 18:00 часот во СВР Скопје. Настанот се случил околу 17:00 часот на подрачјето на Центар.
Пријавителот С.С.(35) од Скопје навел дека побарал помош од непознато машко лице за да извади пари од банкомат. Откако парите биле подигнати, лицето со употреба на сила му ги одзело и избегало од местото.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.

















