УТРО.мк

Македонија и САД го одржуваат стратешкиот дијалог денес во Вашингтон

Македонија и САД го одржуваат стратешкиот дијалог денес во Вашингтон
Vero

Вашингтон денеска ја пречекува македонската делегација на високо ниво за втората сесија од стратешкиот дијалог со САД, четири години по последниот состанок. Македонската делегација, составена од владини претставници, ќе биде предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Со него ќе патуваат и министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерката за енергетика Сања Божиновска.

Овој дијалог не е само формалност. Тој служи како платформа за продлабочување на соработката со САД во клучни области: од одбраната и безбедноста, преку сајбер-безбедноста и технолошката соработка, до економските и енергетските прашања. Дополнително, темите ќе опфатат заедничка борба против транснационалните закани и зајакнување на граничната безбедност.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија истакнува дека со организирањето на втората сесија се потврдува цврстината на сојузништвото и заедничката посветеност на стабилноста и просперитетот во регионот и пошироко.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран