УТРО.мк

Кривична пријава против правно лице и неговиот управител, постапиле спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци

Кривична пријава против правно лице и неговиот управител, постапиле спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци
Vero

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до ОЈО Струга, поднесе кривична пријава против И.Б.(58) од с.Велешта, струшко и против правно лице лоцирано до с.Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Првопријавениот, во својство на управител на правното лице, постапил спротивно на одредбите на член 29 б и член 62 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции на тој начин што без ниту едно вработено лице склучил договор и набавил сув цвет од канабис. И.Б. за договорот не го известил Министерството за здравство, не обезбедил 24 часа физичко обезбедување, 24 часовен видео надзор, не обезбедил соодветни мерки за обезбедување на складираниот канабис. По извршена контрола, од Комисијата за оценување на исполнетоста на условите во однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис при Министерството за здравство и од Владата на РСМ изготвен е Записник за увид на лице место и донесена е одлука за престанок на важење на одлуката за согласност и решението за давање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели на правното лице, по што складираниот сув цвет канабис е одземен и предаден на Агенција за управување со одземен имот.

Со судска наредба бил извршен и претрес во простории на правното лице и биле пронајдени документи за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело и во посебна ceф соба биле пронајдени 382 картонски кутии со марихуана, кои се одземени и предадени на Агенција за управување со одземен имот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран