УТРО.мк

Коалицијата на Египќани се огради од ставовите на Рубин Земон

Коалицијата на Египќани се огради од ставовите на Рубин Земон
Vero

НГИ Коалиција на Египќани соопшти дека се оградува од ставовите и постапките на Рубин Земон, оценувајќи дека тие се негов личен став и не ги претставуваат Египќаните во Македонија.

Од коалицијата информираат дека Земон е поранешен претседател на ПОЕН, партија која подоцна се претопила во структурите на СДСМ, а тој бил и поранешен член на Извршниот одбор на партијата.

Во реакцијата се наведува дека огромното мнозинство Египќани ги поддржуваат ставовите на Владата предводена од Христијан Мицкоски и, како што велат, македонските национални интереси.

Лидерот на НГИ Коалиција на Египќани, Демир Далип, истакна дека немаат никаква блискост со, како што рече, „негаторите на македонскиот народ“.

„Со него ни на маса би седнал, ни вода би пиел, а камоли кафе“, изјави Далип, осврнувајќи се на Виктор Стојанов.

Од коалицијата додаваат дека Египќаните се мала, но автохтона и автентична етничка заедница, која Македонија ја чувствува како своја единствена татковина и активно придонесува во мултиетничкото општество и интегративните процеси во државата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран