
Жена од Штип настрадала од експлозија на бојлер во викендица во пехчевско. Тешко е повредена.
– На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип, информираа од полицијата.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово.















