УТРО.мк

Турски државјани уапсени во Скопје: Со „ауди“ удриле доставувач, па физички го нападнале

Турски државјани уапсени во Скопје: Со „ауди“ удриле доставувач, па физички го нападнале
Vero

Утрово во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите државјани на Турција.

Како што информира полицијата, тие биле приведени по пријава дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија во сообраќајот, со возило „ауди“ удриле во мотоцикл управуван од Ф.М.(20) од Скопје, кој во моментот извршувал работни задачи како доставувач.

Според пријавата, по инцидентот осомничените и физички го нападнале младиот доставувач.

Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран