УТРО.мк

Хуманост во најтешките моменти: Две трансплантации спасија животи благодарение на хумано семејство

Хуманост во најтешките моменти: Две трансплантации спасија животи благодарение на хумано семејство
Vero

Во еден од најтешките мигови за едно семејство, кога загубата е неизбежна реалност, се роди одлука што даде продолжение на животите на други луѓе. Со нивната согласност и длабока човечност, органите на починатиот донор станаа извор на надеж за двајца пациенти: 67-годишен маж доби трансплантиран црн дроб, додека 51-годишна жена доби нов бубрег и со тоа и нова животна перспектива.

Двата хируршки зафати се реализирани успешно, а пациентите, според лекарските информации, се во стабилна и добра општа здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување.

Министерот за здравство Азир Алиу ја истакна длабоката човечка димензија на овој чин, нагласувајќи дека станува збор за пример на највисока форма на хуманост. Тој посочи дека во моменти на болка и лична трагедија, семејството донело одлука која директно спасила животи, оставајќи трајна порака за солидарност и човечност.

И националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, ја потенцираше важноста на семејната согласност, без која, како што истакна, ваквите медицински успеси не би биле возможни. Таа нагласи дека зад секоја трансплантација стои длабоко човечка приказна, а овојпат таа приказна е исполнета со храброст, алтруизам и дарување живот во најбуквална смисла.

Во своето обраќање, Кузмановска упати благодарност и до сите вклучени медицински тимови, од анестезиологија и реанимација, дигестивна хирургија, урологија, гастроентерохепатологија, нефрологија, како и Институтот за трансфузиологија, кои со својата координација и посветеност овозможија овие сложени интервенции да завршат успешно.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран