УТРО.мк

Костадиноски: Изградени два нови детски паркови во Раотинце и Туденце – вложуваме во подобар квалитет на живот

Костадиноски: Изградени два нови детски паркови во Раотинце и Туденце – вложуваме во подобар квалитет на живот
Vero

Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, соопшти дека се изградени два нови детски забавни паркови во населените места Раотинце и Туденце.

Со реализацијата на овој проект, како што истакна Костадиноски, значително се подобруваат условите за најмладите, но и за сите жители од овие населени места, кои отсега ќе имаат современ простор за рекреација, игра и спорт.

„Ова е новото време во општина Јегуновце. Продолжуваме со зацртаните цели и проекти со кои го подобруваме квалитетот на живеење во сите сфери. Особено ми е драго што ги подобруваме условите каде спортуваат и се рекреираат нашите деца и сограѓани“, истакна Костадиноски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран