УТРО.мк

Драма во Карпош: Апсење во ноќен клуб, полицијата го совлада осомничениот по обид за бегство

Драма во Карпош: Апсење во ноќен клуб, полицијата го совлада осомничениот по обид за бегство
Vero

На 19 април 2026 година во 02:50 часот, во ноќен клуб на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т. (28) од Пробиштип, информираат од МВР.

При извршената контрола кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Според информациите, по пристигнувањето во кругот на Полициската станица Карпош, Н.Т. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и приведен во полициската станица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран