УТРО.мк

Пуштено куче усмртило друго во Струшко, сопственикот доби кривична пријава

Пуштено куче усмртило друго во Струшко, сопственикот доби кривична пријава
Vero

Полицијата во Струга поднела кривична пријава против 45-годишниот Б.Д. од селото Ливада, поради сомнежи дека сторил две кривични дела – „предизвикување општа опасност“ и „мачење и убивање животни“.

Според информациите од истрагата, инцидентот се случил на 27 март 2026 година на локалниот пат што ги поврзува селата Ливада и Биџево. Б.Д., заедно со уште едно лице, се движел со возило во кое имале куче од расата кангал. Животното било врзано со ремен и држено низ прозорецот од автомобилот, при што било изложено на неконтролирано движење за време на возењето.

Кога возилото пристигнало во близина на дворот на жител од селото Биџево, пријавениот го ослободил кучето. Веднаш по пуштањето, кангалот нападнал друго куче – од расата миник, сопственост на Љ.Д., при што животното било усмртено.

Настанот предизвикал реакција кај надлежните органи, кои го квалификувале случајот како сериозно загрозување на безбедноста и суров однос кон животни, по што е поднесена кривична пријава против осомничениот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран