
Фудбалот повторно ќе ги собере луѓето во Јегуновце. По четврти пат по ред, селото ќе биде домаќин на турнир во мал фудбал кој веќе прераснува во традиција која домашните, но и гостите од околните села и градови, ја чекаат секоја година.
И оваа година интересот се очекува да биде голем, особено ако се има предвид наградниот фонд. Првото место носи 100.000 денари, второто 50.000, третото 25.000, а четвртото 5.000 денари. Котизацијата изнесува 5.000 денари по екипа. Пријавувањето е веќе отворено и трае до 30 април 2026 година, додека турнирот стартува на 2 мај 2026 година. За пријава и дополнителни информации, достапни се телефонските броеви 071/342-269 и 071/962-269.
Село Јегуновце, како седиште на истоимената општина, се наоѓа во Полошкиот регион, недалеку од Тетово, и важи за место со силна локална заедница и изразен спортски дух. Јегуновце полека, но сигурно гради обичај нешто поголемо од само обичен турнир туку настан што им дава на луѓето место каде да се дружат и уживаат во спортска и пријателска атмосфера.























