
Во Кичево наскоро започнува реализацијата на нов отворен спортско-рекреативен парк, кој ќе претставува современ простор за спорт, дружење и рекреација на граѓаните.
Од Општина Кичево информираат дека новиот парк ќе биде уреден како модерно катче на отворено, наменето за активен одмор и здрав начин на живот. Просторот ќе овозможи услови за спорт и игра, особено за најмладите, но и за младите и повозрасните граѓани.
Според најавите, во паркот ќе може да се поминува квалитетно слободно време, да се спортува и да се одмара во пријатна и уредена средина.
Од општината нагласуваат дека со вакви проекти продолжуваат активностите за подобрување на урбаната средина и создавање подобри услови за живот во градот.























