УТРО.мк

ВАКА ТРЕСАТ 7.5 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР: Стравична снимка од силниот земјотрес во Јапонија – паника од можно цунами

ВАКА ТРЕСАТ 7.5 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР: Стравична снимка од силниот земјотрес во Јапонија – паника од можно цунами
Vero

Силен земјотрес го потресе северот на Јапонија, предизвикувајќи предупредување за цунами. Според податоците на јапонската Метеоролошка агенција (ЈМА), потресот имал јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал во Тихиот Океан, североисточно од префектурата Ивате, на длабочина од околу десет километри под морската површина.

Developing : A massive earthquake with a preliminary magnitude of 7.4 hit near Miyako, Japan, triggering a tsunami alert for waves up to 10 feet.This is 2024 earthquake video when a 7.1 magnitude earthquake hit Japan. This time 7.4. Prayers for our Japanese brothers & sisters.pic.twitter.com/wl6P70tHMm— Baba Banaras(@RealBababanaras)April 20, 2026

Првично, јачината на земјотресот беше проценета на 7,4 степени, но подоцна беше коригирана. Потресите се почувствувале и во главниот град Токио, кој се наоѓа на неколку стотици километри од епицентарот.

Предупредување за цунами и евакуација

Јапонската Агенција за управување со катастрофи издаде предупредување за цунами за префектурата Ивате и делови од островот Хокаидо. Според проценките, во погодените области е можно појава на бранови високи и до три метри. Кратко по земјотресот, во префектурата Ивате веќе се регистрирани бранови со височина до 80 сантиметри, објави јавниот сервис НХК.

Јапонската премиерка Санае Такаичи апелираше до жителите на погодените региони веднаш да се упатат кон повисоките делови и да ги следат упатствата на надлежните служби. Според јапонската скала за интензитет на земјотреси, потресите биле со сила при која, во многу случаи, може да дојде до уривање на незасилени бетонски ѕидови.

Прекини во сообраќајот и состојба на нуклеарните централи

Досега нема информации за материјална штета или повредени лица. Сепак, поради земјотресот биле прекинати железничките линии на брзите возови во Аомори, на северниот дел од главниот јапонски остров Хоншу, соопшти новинската агенција Кјодо.

Телевизијата НХК објави снимки на кои се гледаат бродови што го напуштаат пристаништето Хачинохе, превентивно, во очекување на можните цунами-бранови.

Што се однесува до нуклеарната безбедност, во оштетената нуклеарна централа Фукушима Даичи, како и во активните нуклеарни електрани во префектурите Мијаги и Аомори, не се забележани никакви неправилности, соопшти Кјодо, повикувајќи се на операторите на електраните. Токму во Фукушима,на 11 март 2011 година, силен земјотрес и разорен цунами ја предизвикаа најголемата нуклеарна катастрофа во современата историја на Јапонија.

Јапонија меѓу најсеизмички активните региони

Јапонија се наоѓа во еден од најсеизмички активните региони во светот, на спојот на неколку тектонски плочи. Островската држава со околу 125 милиони жители секоја година бележи приближно 1.500 земјотреси со различна јачина.

Извор: newz24live

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран