УТРО.мк

ВЛЕН: ДУИ во паника, ја брани криминалната структура наместо граѓаните

ВЛЕН: ДУИ во паника, ја брани криминалната структура наместо граѓаните
Vero

Политичката коалиција ВЛЕН со остра реакција ја обвини Демократската унија за интеграција дека наместо да ги штити интересите на граѓаните, ги брани, како што велат, „криминалците блиски до раководството“.

Во реакцијата се наведува дека додека институциите конечно почнале да расчистуваат долгогодишни случаи, ДУИ се враќа на, како што се посочува, „старите методи на ширење лажни вести и претставување како жртва“.

Од ВЛЕН упатуваат критики и кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи дека тој и неговото најтесно раководство немаат кредибилитет да зборуваат за национални интереси.

Во соопштението се споменуваат и Бујар Османи и Блерим Беџети, за кои ВЛЕН изнесува обвинувања поврзани со наводна злоупотреба на функции и компромитираност на правосудниот систем.

Дополнително, ВЛЕН тврди дека нападите кон Изет Меџити се резултат на, како што велат, страв од одговорност, посочувајќи дека во јавноста излегуваат информации за финансиски злоупотреби.

„Нема да дозволиме корупцијата да се крие зад патриотски пароли. Времето на неказнивост заврши“, се наведува во реакцијата, од каде додаваат дека ќе продолжат со почитување на правото и институциите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран