
На 19.04.2026 година во 13:10 часот во Полициското одделение Теарце, Н.А. (66) од село Пршовце, во својство на претседател на месната заедница, пријавил дека бил физички нападнат од двајца сожители, И.Е. и И.Е.
Според пријавата, инцидентот се случил претходниот ден околу 11:55 часот кај селскиот резервоар за вода, каде во тој момент биле ангажирани работници за поправка на колекторскиот систем. Се наведува дека во тој период дошло до расправија која прераснала во физички напад.























